На 17 октомври ќе биде соопштена пресудата за хоророт во кумановската Дива Населба во мај 2015. Денеска беше последно рочиште на кое обвинетите ги изнесуваа завршните зборови.
Скопскиот Кривичен суд треба да одлучи за висината на казната на 37-мина обвинети за тероризам и за терористичка организација. Обвинителството побара доживотен затвор, додека пак одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за кое се обвинети. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави и меѓународна истрага за кумановските случувања.
На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.