Веќе неколку месеци коцка по коцка непознат сторител има украдено 10-тина м2 од бехатон плочките, со кои е поплочена пешачката зона, која е дел од старата чаршија во Прилеп веднаш позади СИЗ-от.
Околните дуќанџии велат дека надлежните немаат превземено буквално ништо, иако некој постојано со месеци навечер си краде од коцките. Сега на местото има направено цел кратер.
Дуќанџиите апелираат институциите итно да ги превземат потребните мерки против ваквите дејствија и да престане кражбата и уништувањето на државниот имот, платен со парите од граѓаните. Исто така бараат санирање на пешачката зона.