Во општина Крушево се изведуваат активности во износ од пола милион евра

На територија на општина Крушево во моментов во тек се неколку градежни и инфраструктурни зафати со вкупна вредност од повеќе од пола милион евра, опфаќајќи решавање на различни потреби на граѓаните.

 

Станува збор за реконструкција на спортската сала, реконструкција на горната училишна зграда, поставување на сувенирници и информативни табли во рамки на Проектот за развој на авантуристички туризам, чија вкупна вредност е дополнителни пола милион евра, потоа изградба на резервоар за питка вода во с. Борино, тампонирање на патеки до земјоделски површини во дел од населените места и реконструкција на улица во с. Св. Митрани. Кога вредноста на овие тековни активности ќе се собере се добива сума од 34 милиони 773 934 илјади денари, односно околу 564 илјади евра.

 

Дополнително, во тек се повеќе тендерски постапки за реализација на проекти во градот и населените места кои за скоро ќе резултираат со активности на терен.

 

За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски реализациајта на проектот е резултат на макотрпната работа и одговарање на потребите на граѓаните.

 

„Општина Крушево има добиено многу средства кои се бројат во неколку милиони евра и дел од тоа видливо на терен преку тековни и веќе реализирани проекти. Изработивме многу проекти и во иднина се повеќе ќе бидат видлив на терен за граѓаните. Со сето ова ние одговараме на реалните потреби на граѓаните и се трудиме да ги решиме нивните проблеми“, вели градоначалникот Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи