Предупредување од МЕПСО за тековната жетва!

Facebook
Twitter
Email
Print

МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси, бидејќи се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.

 

Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина.

 

Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина! Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци