Продолжува падот на индустриското производство

Facebook
Twitter
Email
Print

Во однос на август лани годинава има пад на индустриското производство за цели 5,3 проценти. Податоците ги објави денеска Државниот завод за статистика, а ако се анализираат бројките за сите месеци годинава со тие лани падот е 0,1 процент.

 

Инаку ова е втор месец како индустријата произведува помалку во однос на минатата година. Во јули индустриското производство падна за 2,2 проценти во однос на истиот месец лани.

 

Според најновите податоци, најголем е падот во преработувачката индустрија каде во август се произвело за 8 отсто помалку во однос на август 2016 година. Во секторот Рударство и вадење производството бележи пад од 6,1 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има раст од 28,1 отсто.

 

Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 19 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 отсто, Капитални производи за 12,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти.

 

Во соопштението на Државниот завод за статистика стои дека намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, тутунски производи, текстил, облека…

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи