Стефанова: Сите одлуки за „Империја“ ги потпишуваше Јанева

Facebook
Twitter
Email
Print

Обвинителката од СЈО задолжена за предметот „Империја“, Лиле Стефанова рече дека не стравува оти би можело да биде инволвирана во истрагата во чии рамки вчера ѝ беше одземен телефонот на претседателката на СЈО, Катица Јанева, а на две лица им беше одредена мерка притвор.

 

Стефанова нагласи дека сите документи што излегуваат од СЈО, меѓу кои и тие за притвор и за враќање на патните исправи, имала право да ги потпишува единствено Катица Јанева, односно овластен обвинител, а таа немала ставено свој потпис на ниту една одлука што излегла од обвинителството.

 

„Сите одлуки секој спис кој ќе излезе единствено го потпишува Јанева и кога е отсутна овластува некој од обвинителите. Јас немам потпишано ниту една одлука ни за пуштање во куќен притвор, ни за давање на патните исправи на Панделевски. Стојам на располагање, отворена сум за се и се јавувам и одговарам на сите прашања. Не стравувам и нема зошто да бидам инволвирана во овој предмет кој вчера го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција”, рече Стефанова.

 

Таа исто така ги отфрли информациите дека имало претрес и во нејзиниот дом како погрешни, истакнувајќи дека не стравува за својата иднина. Стефанова додаде и дека истрагата за  случајот „Империја” ќе продолжи, бидејќи имаат цврсти докази.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи