Позитивна енергија, разиграна и одлична атмосфера поттикната од добрата музика и супер забава – во таков амбиент помина третата, саботна вечер на Пивофест 2019, so изведбите на The Hounds, Фрајле, Влатко Стефаноски Трио и Нокаут.
„Имавме одлична забава, поминаа три одлични вечери. Посебно ми е драго што синоќа поголемиот дел од изведувачите беа од македонската музичка сцена. Особено сум радосен што на сцената настапија татко и син, затоа што настапот ветува дека синот на Влатко Стефаноски, Јан ќе биде успешен како и неговиот татко. Денешнава вечер уверен сум дека ќе помине во добра атмосфера на задоволство на сите“, истакна градоначалникот Јованоски.
Пред нас е завршната вечер на „Пивофест 2019“, кога за заокружување на позитивниот впечаток на посетителите од населените места ширум нашата држава и гостите од странство, ќе се погрижат „The Four“, „Кал Бенд“, Даниела Мартиновиќ и „Cyrillic“.