И по епидемијата на морбили невакцинираните деца нема да се примаат во градинка

Facebook
Twitter
Email
Print

Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинка и да заврши епидемијата на морбили. При уписот мора да приложат уреден вакцинален картон, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и додаде дека како Влада ќе продолжат да го почитуваат законското решение пред се за здравјето на децата.

 

„За да можеме да ги заштитиме сите деца важно е тие да се вакцинирани и тоа е светска пракса и сметам дека треба да продолжи. Ние како Влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени“, рече Царовска.

 

Од Институтот за јавно здравје информираат дека во периодот од 13 до 19-ти јули, пријавени биле 9 нови случаи на мали сипаници. Од нив, 5 лица се од Скопје, а по два случаи се регистрирани од Куманово и Гостивар. Меѓу ново заболените има невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Вкупниот број на заболени од морбили од декември лани до изминатиот петок е 1.863 луѓе, 45% од заболените биле хоспитализирани, а кај 16% имало компликации.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи