Посебен сообраќаен режим во и околу Крушево за 1-ви и 2-ри август, еве каде и кога смеете да се движите

Ве известуваме дека по повод националниот празник „Илинден“, а со цел обезбедување на безбедено и нормално одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај, на регионалниот пат Р-1306, патен правец: Прилеп – Крушево – Демир Хисар, на подрачјето на градот Крушево и на потегот од мв Порта кон Мечкин камен, од страна СВР Битола, во деновите 1-ви и 2-ри Август ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, и тоа:

 

  • На ден 01.08.2019 година, во временскиот период од 16,00 до 24,00 часот во градот Крушево ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со пренасочување, ограничување и забрана за сообраќај,

 

  • На ден 02.08.2019 година, во временскиот период од 05,00 до 17,00 часот часот, сообраќајот во градот Крушево ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со пренасочување, ограничување и забрана за сообраќај,

 

  • Заради обезбедување на безбеден и проточен сообраќај на потегот од мв Порта до Мечкин камен, моторните возила со кои се врши групен и организиран превоз на патници на ден 02.08.2019 година, е потребно да пристигнат до 10.30 часот на паркингот предвиден за нивно паркирање на мв Црн врв. Слегувањето на патниците од автобусите да биде на местото каде ќе биде паркирано превозното средство,

 

  • Ќе се воведи забрана и ограничување за движење на трактори, земјоделски машини, запрежни коли и тешки товарни возила на регионалниот пат 1306: делница: Прилеп – Крушево – Демир Хисар,  и тоа: на ден 01.08.2019 година, во времето од 16.00 до 24.00 часот, и на ден 02.08.2019 година, во времето од 05.00 до 17.00 часот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи