Четворица прилепчани вечерва со трчање ќе се искачуваат на 20-тина врвови повисоки од 2.000 метри на Мокра планина

Прилепчанецот Александар Стојкоски, придружуван од Александар Еленин, Антонио Каранфилоски и Мери Мирческа вечерва во 20 часот ќе го започнат својот најнов подвиг за околу 20 часа со трчање да се искачат на 20-тина врвови повисоки од 2.000 метри на масивот Мокра планина, кој ги опфаќа планините Јакупица, Даутица и Караџица.

 

Ова е втор ваков сличен нивни потфат после оној во октомври лани кога со трчање  се искачија на 23 врвови на Баба планина за 19 часа, поминувајќи 85 км.

 

За Александар Стојкоски и Мери Мирческа ова ќе биде и финална подготовка за планинската трка Ultra Trail du Mont-Blanc која ќе се одржи кон крајот на август и која се смета за неофицијално светско првемство во планинско трчање. Стојкоски ќе трча на 100 км. , а додека Мирческа на 170 км.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци