Општина Крушево : Службите благовремено го изгасија пожарот и состојбата околу депонијата е стабилизирана

Општина Крушево демантира дека градската депонија гори. Реакцијата на Општината ја пренесуваме во целост.

 

„Дезинформација е дека депонијата повторно гори во Крушево, односно службите благовремено го изгасија пожарот и состојбата околу депонијата е стабилизирана. Фотографиите подолу покажуваат дека нема никакво загадување на градот и нема попречување во секојдневните активности на граѓаните и туристите. Апелираме до граѓаните и медиумите да ги проверуваат информациите затоа што како и секогаш општина Крушево стои на располагање за точни и навремени информации“, се вели во реакцијата на Општина Крушево.

 

Претходно од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крушево ги повикаа надлежните на град Крушево да им овозможат непречен тек на учесниците на светското првенство во параглајдинг и да го изгаснат ѓубриштето.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци