„Целта е да утврдиме дали постапката за доделување на лиценцата за вршење на дејноста од областа на детска кардиохирургија на специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“ е спроведена согласно одредбите од законот за здравствена заштита и тоа членовите 229, 230, 231 и 232“, рече претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.
Ивановска посочи дека ова е актуелна новонастаната состојба, а тука, како што рече, се третира и јавното приватно партнерство.
„Ние сега ја отвораме постапката за Чадиковски, а што ќе бараме ќе видиме. Ќе бараме документи. Да утврдиме дали постапката за доделување на лиценцата за вршење на дејноста од областа детска кардиохирургија на специјализираната болница е спроведена согласно одредбите од законот. И со тоа што Чадиковски даде отказ дали има услови за прогласување едностран раскин на лиценцата поради губење економски, технички или оперативни способни потребни за вршење на дејноста. Односно како сега ќе работи специјализираната болница зошто единствениот лиценциран кардиохирург излезе од болницата, дали ќе им остане лиценцата“, рече Ивановска, одговарајќи на новинарски прашања.
Во февруари годинава тим од државната клиника на чело до д-р Чадиковски преминаа да работат во „Жан Митрев“, откако оваа приватна болница потпиша договор за јавно приватно партнерство со Фондот за здравство.
Од Министерството за здравство соопштија дека оставката на Чадиковски не менува ништо и дека јавното приватно партнерство продолжува да функционира.