Пендаровски: Прво попис, па избори

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот Стево Пендаровски денес нагласи дека не би одел со предвремени избори пред да биде спроведен попис, кој смета дека и е преку потребен на државата за да изгради каква било фундирана развојна политика во сите клучни области. Според него предвремени избори до крајот на годината кога очекуваме комплетно интегрирање на земјата во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ не се од интерес на државата.

 

„Тоа е работа на луѓето кои ја предводат Владата и политичките партии кои ја сочинуваат. Нивната политичка проценка е најбитна, а по Уставот е јасно – кој има 61 глас од 120 пратеници тој е на власт. Ако сакаат да одат на предвремени избори, повторно 61 глас го распуштаат Собранието. Не ги знам какви се нивните планови од оваа позиција, не смеам ни да ги прашувам. Од позиција на претседател кој се грижи и за евроатлантските интеграции, што му е и надлежност, мислам дека минимум додека не ги затвориме овие битни прашања до крајот на годината не би требало да одиме на предвремени избори. Сакам да ја видам Северна Македонија комплетно интегрирана во НАТО и со почнати преговори со ЕУ. Тоа е од интерес за државата“, рече Пендаровски.

 

Редовните парламентарни избори во земјава треба да се одржат следната година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи