Бројот на починати во епидемијата на ебола, што избувна пред една година на југот на Демократска Република Конго, достигна 2.000, а над 3.000 се заразени, покажуваат податоците што ги објави владата.
Ова е втор најсмртоносен бран на ебола, кој официјално почна минатиот август.
Претходната епидемија од ебола во Африка, траеше од 2013. до 2016. година и во неа настрадаа повеќе од 11.000 луѓе.