ВИДЕО – Бектеши : Покачување на минималната плата ќе има, во тек се преговорите колку ќе биде

Facebook
Twitter
Email
Print

Јас не сум кажал колку ќе биде минималната плата, јас кажав дека ние работиме заедно со бизнис заедницата и  со коморите. Дали ќе има евентуално покачување на минималната плата, да ќе има. Ова денеска го истакна министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши додаде дека моментално во тек биле разговорите со бизнис заедницата и со стопанските комори, од кои што ќе се утврдело колку ќе има простор да се зголеми минималецот.

 

 

„Ние ќе го утврдиме тоа во наредните недели и навремено ќе ја известиме јавноста, а имајќи во предвид дека сите индикатори што се однесува на економскиот раст покажуваат дека ние се движиме во вистинската насока, ние секако како Влада сме должни да ги зголемиме платите и во приватниот сектор, но истовремено и во јавниот сектор, како што беше примерот од септември на покачувањето на платите во јавниот сектор од 5%. Така континуирано ќе ги зголемуваме платите, имајќи во предвид дека тоа ни го дава економијата, дека има раст речиси во секоја гранка и ние имајќи во предвид дека еве и капиталните инвестиции се реализираат, очекуваме до крајот на годината да ги надминеме очекувањата или проекциите што беа согласно буџетот за 2019 година од 3.2% и секако дека ќе ги зголемиме платите и во јавниот и во приватниот сектор. За минималната плата очекуваме да се знае во наредните 2 до 3 недели“, истакна Бектеши.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи