“Central Park Tower” во Њујорк официјално прогласена за највисока станбена зграда на светот

Облакодерот “Central Park Tower” во Њујорк оваа недела официјално станала највисока станбена зграда на светот, откако достигна конечна висина од 470 метри, а по завршувањето на изградбата ќе има 131 кат, на кои ќе има 179 ултралуксузни апартмани.

 

Се наоѓа на 57-та улица на Менхетн, таканаречена Улица на милијардерите. Апартманите се на продажба од минатата есен по почетна цена од 6,9 милиони долари, додека моментално најскапата расположлива станбена единица е петособен стан на 112-тиот кат по цена од 63 милиони долари.

 

Првите седум ката ќе ги заземе стоковна куќа Нордсторм, а во зградата ќе има и шест ресторани, приватен клуб за сопствениците, спа и фитнес зона.

 

За потребите на зградата конструиран е и многу брз лифт кој може да мине 100 метри за само 10 секунди.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи