Од полноќ возачите ќе точат горива по пониски цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Горивата поевтинуваат од половина до еден денар.
Бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за половина денар и ќе се продава за 68 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе биде поевтин за денар и ќе се продава по цена од 7о ден/литар.
Цената на дизелот ќе изнесува 62 ден/лит, а поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе биде 51,50 ден/лит.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.