Македонецот Виктор Димовски повторно го освои првото место на светското првенство во поинт фајт

Нашиот кик боксер Виктор Димовски повторно го освои првото место на светското првенство во поинт фајт . На светското првенство што се одржа во Нордхон Германија од 18 до 20 октомври во организација на светската WFMC организација учествуваа борци од целиот свет.

 

Македонскиот борец Виктор Димовски по потекло од Велес, а живее во Германија, имаше повеќе борби. Во елиминациите ги победи борците од Бразил, Германија, Франција и Англија.

 

Во финалната борба го победи борецот од Полска и го освои златниот медал на светското првенство. Честитки за Виктор и му посакуваме уште многу успеси.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци