Сасоли: Имаме заедничка иднина, давањето „не“ на Македонија е историски застој

Facebook
Twitter
Email
Print

Првиот човек на Европскиот Парламент Давид Сасоли во своето обраќање во македонското Собрание рече дека давањето „не“ на Македонија за отпочнување на преговорите со Европската унија било историски застој.

 

„Некој зборуваше за историска грешка, но јас претпочитам да кажам дека ова е историски застој. “, рече Сасоли.

 

Посочи дека постојат одредени тешкотии што треба да ги надминеме, но треба да гледаме со малку оптимизам што ќе ни овозможи да ја завршиме и оваа фаза што ќе ѝ овозможи на Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ, но подвлече дека реформите мора да продолжат.

 

Претседателот на Европскиот Парламент смета дека Македонија го заслужува местото во семејството на ЕУ, испраќајки порака за заедничката иднина да биде испишана заедно.

 

„Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно“, порача Сасоли додавајќи дека нашите разочарувања се и разочарувања на ЕУ, бидејќи иднината на Македонија е во Унијата.

 

„За да се навратиме на тој пат, треба да се случи што е можно побрзо давање на датум за преговори. Постои надеж дека овој пат ќе биде продолжен и за тоа имаме потреба од вас, вашиот ентузијазам, вашата желба за слобода и демократија. Без Балканот, тоа нема да биде возможно. Да му објасниме на младите дека нема да го запре овој процес. Да ги охрабриме и да ги убедиме дека овој пад ќе ја доведе Северна Македонија во процесот на пристапните преговори. Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно“, заврши Сасоли.

 

Сасоли е уверен дека резервите од одредени земји наскоро ќе бидат преразгледани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи