Синдикатот на работниците од управата на правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА), за в петок најавија протести коишто ќе се одржат низ сите судови во земјава, а на кои ќе биде искажано незадоволство од, како што се вели во соопштението, „апсурдните одлуки на Судскиот буџетски совет“, донесени во последниве два месеца.
„Синдикатот на УПОЗ, незадоволни што и понатаму продолжува нееднаквиот третман на Судскиот буџетски совет како притоа да забораваат дека во судовите работат судска администрација, судската служба, помошно – техничкиот персонал, згора на сѐ, СБС донесе одлука со нееднакви додатоци на плата са судиите и судската администрација, со изговори дека администрацијата во месец септември добила покачување во висина од 5% на плата, а од тие причини за месец септември и октомври додатоците на плата на судиите да бидат во висина од 10%“, се наведува меѓудругото во соопштението од УПОЗ.
Во соопштението се додава дека барањата на Синдикатот ќе бидат соопштени пред новинарите, за време на протестот во петок, пред Основниот суд Скопје 2.