Полициска станица Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.С.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24.04.2019 на ул.„Св. Наум Охридски“ во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.