Кичеец осуден на 3 години затвор за „Рекет“

Facebook
Twitter
Email
Print

Зоран Милески-Кичеец, третообвинет во случајот „Рекет“, доби три години затвор за примање награда, откако во текот на вчерашниот ден призна вина.

 

Судијката денеска истакна при изрекувањето на пресудата, дека се земале во предвид фактот дека има малолетни деца, дека има родители за кои води грижа само тој, дека го признал делото, соработувал и помогнал во случајот.

 

Според обвинението, преку третообвинетиот Зоран Милески, кој инаку имал улога да ги договори средбите помеѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев, Боки 13 го уверил токму Камчев дека Јанева ќе ги исполни неговите барања за олеснување на неговата позиција како учесник во криминалот за „Империја“.

 

Обвинителската Вилма Русковска порача дека е задоволна од изречената казна за Зоран Милески-Кичеец и предложи продолжување на куќниот притвор до издржување на казната.

 

„Сметам дека е добра изречената казна и ќе одлучам дали ќе вложам жалба за висината на казната. Јас не очекував повисока казна, затоа што голем е распонот на предвидената казна. Тој досега е неосудуван и призна вина“, истакна Русковска.

 

Адвокатите на Милевскли бараа да се укине домашниот притвор, затоа што треба да се грижи за неговиот болен татко. Истакнаа дека и досега секогаш бил достапен, признал вина и не планирал да бега. Тие рекоа дека ќе поднесат и жалба на пресудата бидејќи според нив таа е превисока.

 

Инаку во трите години затвор е пресметано и времето што тој го помина во притвор, кога беше однесен на 15 јули, што значи дека Кичеец го чекаат две години и седум и пол месеци затвор.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи