Венецијанската комисија со критики за Законот за употреба на јазиците

Facebook
Twitter
Email
Print

Венецијанската комисија ги повикува властите во Македонија да го разгледаат Законот за употреба на јазиците, повторно да се консултираат со сите засегнати страни и да се напуштат одредбите за двојазичност посебно во судските постапки.

 

Правните експерти од Советот на Европа новиот закон за јазици го споредуваат со легислативата од 2008-ма година, и заклучуваат дека со новиот закон значително се проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди. Ги поздравуваат македонските власти што имаат волја да ја подобрат јазичната состојба на заедниците, но предупредуваат за посебно широката примена на албанскиот јазик.

 

„Во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување, што може да се покаже како нереална правна обврска врз јавните институции, особено во врска со употребата на албански во судска постапка, заедно со тешки санкции во случај на непочитување и можност за поврат на судските решенија, ако нема превод и толкување во текот на постапката. Овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права“, пишува во соопштението.

 

Венецијанската комисија упатува и други бројни препораки за властите во Македонија. Официјално соопштение од Венецијанската комисија е речиси исто со драфт верзијата која се појави во македонската јавност пред два месеца.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи