Изградбата на клучката на патот Прилеп-Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе биде готова во 2020, а инвестицијата ќе иизнесува околу 5,5 милиони евра. Денеска увид во градежните работии изврши и премиерот Зоран Заев кој истакна дека Ова сообраќајно решение е од особено значење од аспект на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола.
„Изградбата на клучката на две нивоа, за поврзување на ТИРЗ Прилеп со патната делница Прилеп-Битола е во финална фаза. Навистина очекуваме дека не подоцна од крајот на првото полугодие на 2020 година ќе биде пуштена во употреба, а верувам дека тоа ќе може да го направиме и неколку месеци порано. Оваа клучка е од големо значење за пристапот до зоната, како и за ефикасен превоз на производите што се произведуваат во самите фабрики. Нашата цел е да обезбедиме светски инфраструктурани стандарди во индустриските зони за инвеститорите кои одлучиле да инвестираат во нашата земја и секако ќе продолжиме во таа насока. Со пуштањето во функција на водоводот и клучката за поврзување на ТИРЗ Прилеп зоната станува целосно функционална од аспект на големите инфраструктурни зафати. Во рамките на зоната се планира и изведба според потребите на идните инвестициски проекти. Токму затоа во овој момент во фаза на изградба е нова, приоритетна сервисна улица помеѓу два постоечки инвеститори, која ќе овозможи поврзување и со други слободни парцели за идните инвеститори во ТИРЗ Прилеп. Ова сообраќајно решение, со овој комплексен зафат овде е од особено значење од аспект на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола. Наредната година ќе започнат работите на секундарната гасоводна инфраструктура со која ќе го донесеме и гасот во ТИРЗ Прилеп, со што значително ќе се подобрат условите и атрактивноста на оваа зона за нови идни индустриски проекти“, потенцираше Заев.
Во зоната се гради и внатрешна инфраструктура, а се планира в годиина да биде пуштен во употреба и нов водовод.
„Оваа клучка е инвестиција од 240 милиони денари. Исто така во Прилеп при крај сме со теснопотисниот цевковод на водоводот за целата зона, кој е во финална фаза на изградба, кој е од прилика 50-тина милиони денари. Исто така при крај сме со внатрешната инфраструктура, со улицата која што е инвестиција исто така од 50-тина милиони денари. Така да во инвестиции моментално во зоната имаме 350 милиони денари. Сега веќе е неблагодарно да се зборува, почнува зимата и крајот на градежната сезона, се надевам дека брзо на почеток на следната година ова ќе биде финиширано“, рече Александар Младеноски, директор на ТИРЗ Македонија.