Партијата Левица отвори нови канцелариии во Прилеп кои се лоцирани во тунелот на катната гаража кај старата автобуска станица. Канцелариите за сите заинтересирани граѓани ќе бидат отворени секој ден.
Прилично сум изненаден од денешната поддршка на прилепчани, малку ме изненади и мислам дека во прав момент се имаме појавено во градов, бидејќи се чувствува таа ситуација дека на народот му е смачено од оваа бинарна политика од двете големи политички партии кои своиите имиња ги носат само како бренд. Кај едните нема ниту С од социјалност, кај другите пак ниту В од вистинска или Р од револуционерна. Левица останува партија со најбрз пораст, очекуваме понатаму да се шириме“, истакна Иван Јованоски, локален модератор на локален огранок на Левица Прилеп.
[poll id=”-2″]