ВИДЕО – Откриен нов вид на ајкули кои одат по морското дно

Научниците откриле нови видови на ајкули кои перките ги користат за да одат по дното. Новите видови на ајкули се откриени во Индоавстралискиот архипелаг, научниците  велат дека тие се хранат со мали риби и безрбетници. Според доктор Кристин Даџон ајкулите се предатори и ги користат своите перки за да одат по морското дно.

 

„Ајкулите се помали од еден метар и не се опасни за луѓето“, изјавила Даџон.

 

Научниците се воодушевени од откривањето на нови видови ајкули и истакнуваат дека тоа се должи на 12 годишна студија  спроведена од компаниите „CSIRO“ , „Conservation International“, Научниот институт во Индонезија , Министерството за поморство на Индонезија и Музејот за природна историја на Флорида.

 

„Генетските податоци покажуваат дека новиот вид на ајкула се развил откако ајкулите се оттргнале од својата првобитна популација, станале генетски изолирани во нови реони и се развила во нов вид. Нивните перки им обезбедуваат голема предност во однос на нивниот плен малите ракчиња и мекотели“, наведува доктор Даџон.

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи