Секое трето семејство во Македонија не може да си ги плати сметките. Овие податоци се однедуваат за 2018 година, а претходните години земјава котирала полошо. Европското статистичко биро – Евростат објави дека речиси 37 отсто или 209.000 домаќинства имаат проблем редовно да платат за електрична енергија, парно греење и вода. Претходните години тој број надминувал и над 40 отсто.
Во ЕУ, скоро 7 отсто од семејствата се соочуваат со овој проблем. Најголем проблем со плаќање режиски трошоци од земјите членки на Унијата има Грција . Таму скоро 36% немаат пари редовно да платат, веднаш зад нив се Бугарите , со 30%, и хрватите , каде 17,5% од домаќинства имаа проблем во последните 12 месеци со подмирување на режиските трошоци.
Во развиените земји, овој процент е многу низок. Во Швајцарија само 4.1 отсто семејства имаат потешкотии да си ги платат сметките, во Малта 6.9 отсто, Австрија 2.4, Холандија 1.5 отсто. Во Полска 6.3, а во Португалија 4.5 отсто домаќинства не можат да си ги покријат сметките. Во Норвешка смао 2.7 отсто имаат ваков проблем.
[poll id=”-2″]