Незадоволни од проценката на класите на тутунот и затворените пунктови за откуп на откупните фирми, тутунарите од прилепско денеска го блокираа паттнииот правец Прилеп-Скопје кај месноста Заполшки мост, а беше блокиран и патот Прилеп-М. Брод кај селото Долнени. Тутунарите велат дека од Нова година до денес тутунот се ценел со една до две класи помалку од реалната вредност, а од неразбирливи причини драстично бил намален и бројот на откупни пунктови. Поради оваа ситуација во прилепско-долненскиот крај имало неоткупено околу 2 милиони килограми тутун и тоа според договор.
„Сите компании откупуваат, ама со по еден пункт и кога ќе појдиме таму ни ги отвораат картоните и ни велат ова сега ќе оди двојка, ова тројка, ова четворка. Ова не се компири така да се цени, тутунот има вредност“, истакна Љупчо Ѓорѓиоски, производител на тутун од Прилеп.
„Имам останато уште 80 пакети тутун, одам го носам ми ги вади тој картоните и ми вели оваа кутија ќе биде кец, оваа двојка, ова тројка, а тутунот е целиот за прва класа“, рече Славе Илиоски, производител на тутун од Прилеп.
Земјоделците велат дека иако реагиирале до надлежните органи, досега државата немала ништо превземено за да ги заштити. Се сомневаат дека е увезен тутун во Македонија и бараат тоа да се стопира.
„А договори имаме. Да немаме договори ќе речиме немаме договори, нема што да бараме. Ние имаме договори, а тутунот не се откупува, зошто, како не знаеме. Прво не беше ограничено со килограмите, сега во сите компании им е ограничено. Нема компанија каде нема ограничување. Дури нашиот тутун не се откупи од производителите да не се увезува тутун. А после тоа ако имаат потреба компаниите нека увезуваат, ние немаме против“, додаде Златко Наумоски, производител на тутун од с. Мажучиште.
„Јас е уште имам 5 тони тутун, линијата како што започна сега е двојно намалена“, изјави Атанас Велјаноски, тутунар од Прилеп.
Според Зоран Шапуриќ, директор на државен зем. инспекторат досега биле откупени 24.800 тони или 93% од предвидените количини со просечна цена од 221 денар за килограм. Ги отфрла шпекулациите дека има увоз на тутун. Тутунарите пак најавија протестит и во наредните денови.
[poll id=”-2″]