Во изминатото деноноќие нема нови пациени тестирани за коронавирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека двајцата туристи од Австралија и Сингапур се пуштени од инфективната клиника откако вчера тестовите на корона кај нив беа негативни.
Филипче ја извести јавноста дека денеска 20 туристи од Сингапур и Јапонија, преку граничниот премин Деве Баир, од Бугарија ќе дојдат во земјава и оти ќе бидат детално прегледани.
Инаку министерството за здравство побарало од владата да се продолжи препораката за откажување на јавни собири, а спортските натпревари да се играат без публика, до 13 март. Одлуката ќе се знае по денешната владина седница.