Јавниот Градски Превоз во Прилеп од денес со редуциран возен ред

 

Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП Прилеп  во координација со Општина Прилеп ги информира сите корисници на јавниот градски превоз, дека од денес, петок (13.03.2020 год), ќе има редуциран возен ред, односно автобусите на сите три линии ќе сообрајќаат до 18:00 часот, последното тргнување од почетните постојки ќе биде во 17:30 часот.

 

Редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.

 

Претходно Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП Прилеп  во координација со Општина Прилеп го откажа бесплатниот превоз за ученици и за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год).

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи