ВИДЕО- Жена спасена од пламените јазици-голем пожар во населбата „Рид“ во Прилеп

 

76 годишната прилепчанка Венда Илиоска попладнево е спасена од големиот пожат кој го зафати нејзиниот дом. Од внатре ја извлекла нејзината соседка Катерина Гегоска. Огнот започнал од дневната соба каде и седела Илиоска, на првиот кат од куќата, со број 10 која се наоѓа на улицата „Ристо Василески“ во населбата Рид. При гаснењето на пожарот од ТППЕ Прилеп интервенираа со 2 возила и 7 пожарникари.

 

 

„Соседката што се лепенки со куќите од спротивната страна ме викна и ми кажа дека има пожар, дека чади. Истрчав, влегов внатре ии ја зиивлеков жената. Друго незнам што да кажам, незнам од каде доаѓаше огнот бидејќи беше премногу темно и зачадено, во тој момент гледав само да ја спасам жената и да ја извлечам надвор. Кога ја извадив во дворот веднаш повикавме пожарна која стигна навистина брзо и го изгасна пожарот“, изјави Катерина Гегоска, соседка на Венда Илиоска.

 

Илиоска живеела заедно со нејзиниот син, 57 годишниот Сашо Илиоски, кој во моментот на пожарот не бил дома. Илиоска со екипи на Итна медицинска помош е префрлена во Општата Болница во Прилеп, а во моментов во куќата надлежните служби вршат увид.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи