Благодарение на отсуството на туристи и намалениот сообраќај, како резултат на карантинските мерки на Италија за справување со коронавирусот, водата во каналите во Венеција е чиста како ретко досега.
Мештаните споделуваат видеа и фотографии од каналите, без илјадници туристички бродови кои секојдневно пловат по каналите и велат дека не помнат кога водата била така чиста.
Низ бистрата вода може да се види дното на самите канали, како и големиот број јата на риби кои пливаат во нив. А не се ретки и фотографиите на кои се гледаат и лебеди како пливаат низ каналите.