Од денеска 5.300 вработени во „Дрекслмајер“ ќе бидат на времен платен одмор во нарените две седмици поради корона вирусот, соопшти раководството на германската компанија. Точниот почеток на производство и работа е во зависност од состојба со коронавирусот, но и развојот на настаните во автомобилската индустрија во светот, велат од компанијата.
„Поради состојбата со коронавирусот, вработените во „Дрекслмајер“ од денес па во следните две недели се на колективен платен одмор. Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување на машини и слично. Секако, здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти“, велат во писмениот одговор од раководството на компанијата.
Инаку „Дрекслмајер“ е еден од најголемите работодавачи во земјава, чие седиште е во Кавадарци. Во фабриката работат над 5.000 лица од Кавадарци, Неготино, Прилеп, Велес и околината. Германската фабрика произведува делови за автомобилската индустрија.