Бројот на прилепчани во самоизолација останува ист како и вчера 183. Синоќа немало нарушување на оваа мерка и сите граѓани биле затекнати во своите домови.
Четири прилепчани заработиле кривични пријави за непочитување на полицискиот час и нарушување на јавниот ред и мир.
Инаку прилепските компании досега изработиле над 12.000 заштитни маски кои пред се се поделени кај медицинските лица, на вработените во институциите и во фирмите, но и дел кај граѓаните. Истовремено се изработени околу 300 штитници со 3Д технологија и со принтери.