Апелирам, во текот на претстојниот продолжен првомајски викенд, да нема масовно собирање и групирање на граѓаните на затворен и отворен простор, односно по викендиците и излетничките места во општината. Истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
„Олабавените мерки од Владата, да не се злоупотребуваат, а граѓаните да ги искористат за индивидуални прошетки, затоа што опасноста од коронавирусот се’ уште постои! Но, одговорниот пристап на граѓаните и посветеноста на институциите, дадоа видливи резултати во справувањето со коронавирусот. Во таа насока, да продолжиме со таквото одговорно и совесно однесување и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. На крајот, сакам да истакнам дека во знак на солидарност и хуманост, ќе примам минимална плата од 14.500 денари, а останатиот дел ќе го уплатам на сметката Фондот за бoрба против КОВИД-19“, додаде Јованоски.