Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје -2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани – 2.
На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Согласно ова :
- Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572
- Бројката на оздравени пациенти 1079,
- На починати 89
- Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.
Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 526
Куманово – 404
Дебар – 51
Штип-35
Прилеп–167
Тетово – 95
Струга – 67
Велес – 95
Битола –22
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-6
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2Кратово-1
Направени се 332 теста и тоа преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен факултет -17, Авицена –13, Биотек -22, Клиника „Жан Митрев“ –19, Систина со PCR метода -23 и МАНУ -20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на Ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковсп/ид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.