Денеска тука пред Центарот за социјална работа ќе презентираме уште еден скандал во кој се инволвирани партиските послушници вработени од власта на СДСМ. Истакна на денешната прес конфереција Александар Алексовски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Директорот Дејан Тошески, кој е кадар на Миле Талески, на јавноста и стана познат по срамното поставување на двојазична табла и пропагирање на Агенција која се занимава со посредување при вработување на млади луѓе во Германија.
Сега истиот тој Дејан Тошески се обидува да сокрие скандал во кој целосно е уништено возило во сопственост на Центарот за социјална работа.
Имено еден од нововработените, кој СДСМ и Тошески ги вдомија во оваа институција пред некоолку дена без возачка дозвола управувајќи со воизлото марка „Мазда“ направил сообраќајна несреќа во н.м. Костинци, Општина Долнени.
Во незгодата, за која патем постои записник направен од полициски службеници, возилото во сопственост на Центарот е целосно уништено. Бараме целосна одговорност за вработениот и директорот на институцијата.
Тошески мора да поднесе оставка од функцијата, а за неговиот послушник да биде покрената итна дисциплинска постапка и да да биде избркан од работното место.
Исто така Тошески и неговиот послушниик веднаш да ја надокнадат штетата и да набават ново возило за Центарот со свои лични средства.
Ова е само уште еден случај за тоа какви кадри СДСМ вработуваше во институциите во изминатите 3 години.
Еве вакви кадри добиивата плати од буџетот на државата, додека голем број на луѓе едвај крпат крај со крај за време на оваа пандемија. Луѓето кои работат во областа на социјалата треба да бидат пример затоа што секојдневно меѓу другото се соочуваат со најразлични човечки судбини.
Ама тоа не е случај кога се работи кога СДСМ вработува па затоа инстутициите денеска се преплавении со ваквии кадри од кои никој нема корист. Граѓаните гледаат, слушаат и разумно ќе постапат зад гласачкиите паравани“, истакна Алексовски.