Денеска сме сведоци на уште еден во низата очајнички обиди на опозицијата, да го сврти вниманието на јавноста од секојдневните активности кои градоначалникот и локалната самоуправа на општина Прилеп, ги преземаат во насока на решавање на проблемите на граѓаните. Се вели во писмената реакција на Општина Прилеп која по доаѓа по прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на која тие ја обвинија локалната самоуправа за негрижа и уништување на ново изграденото училиштет во населбата Сточен пазар.
Реакцијата ја пренесувамем во целост.
„Наместо да смогнат сили и да ги поздрават градежните активности со кои ликот на Прилеп секојдневно се менува – асфалтирање на улиците во секоја населба во градот и населените места, реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, изградбата на локални и регионални патишта, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се повикува на промашен проект од кој секоја одговорна власт и партија би се срамеле.
Таканаречното училиште во населбата „Сточен пазар“, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и екс градоначалникот Марјан Ристески го граделе среде поле и опкружено со насади од тутун, без струја, вода, канализација и дефиниран училишен двор, без пристапен пат, на само петнаесетина метри од неоградено речно корито, и за него потрошиле повеќе од 10.000.000 денари.
Објектот во „Сточен пазар“ претходната власт го остави без изградена и поврзана основна инфраструктура, не извршиле ниту атест за вградената ПП инсталација, не ја оградиле, осветлиле и партерно не ја уредиле градежната парцела, а не овозможиле ниту пристап за интервентни возила, како и колски пристап до парцелата.
Заради сите овие пропусти во изградбата, објектот во „Сточен пазар“ нема технички прием.
Ова е типичен пример, за градење на објекти надвор од законите и стандардите. Очигледно, во овој случај, тогашната локална власт се водела исклучиво од интересите на поединци, а не од потребите на граѓаните и учениците.
За разлика од ваквото неодговорно трошење на парите од општинската каса, денес локалната самоуправа и градоначалникот Јованоски водат грижа за секој потрошен денар од буџетот, а средствата се инвестираат исклучиво во проекти од интерес на граѓаните на општина Прилеп“, велат од Општина Прилеп.