Во Прилеп денеска 2 нови случаи на КОВИД-19, а 12 пациенти се оздравени

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 2 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

 

 

Во самоизолација се наоѓаат 234 лица. За време на викендот, забележани се 6 нарушувања на полицискиот час.

 

 

Од почетокот на пандемијата до денеска, во општина Прилеп вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира