Не престанува да расте бројот на заболени од корона во Прилеп, денеска 6 нови случаи

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 6 нови случаи на КОВИД-19, а до овој момент нема информации за новооздрваени од заразната болест.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од кои 13 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат 6 пациенти. Од нив, тројца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати,

 

Во самоизолација се наоѓаат 168 лица. Во изминатото деноноќие забележани се 4 нарушувања на полицискиот час.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи