Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека Комисијата за заразни болести предложила продолжување на вонредната состојба со цел и натаму да може да се спроведуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

 

„Во однос на вонредната состојба нас ни е потребно таа да се продолжи заради тоа што дел од мерките коишто ги препорачуваме важат за време на вонредната состојба. Многу е битно тие да важат и понатаму. Значи битно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми во однос на рестрикција на движењето“, рече Филипче.

 

Според него, сега сме во фаза на намалена инциденца, епидемијата е во фаза на смирување, под контрола е бројот на пациенти, односно во фаза кога се гледаат добрите ефекти од рестриктивните мерки.

 

На 18 март беше прогласена првата вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена, а веднаш по неа, со распуштено Собрание, претседателот Пендаровски прогласи нова 30 дневна вонредна состојба. Сега Пендаровски повторно ќе треба по трет пат да се произнесе во однос на барањето на Владата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи