Повеќето починати лица во Прилеп се лица со некој коморбидитет, односно со некое хронично заболување. Дури и кај помладите беше утврдено дека имаат коморбидитет, било дијабет, било кардиоваскуларно заболување, хипертензија, астма, претежно беа лица со некое хронично заболување. Меѓутоа има и помлади и лица над 55 години. Изјави епидемиологот Татјана Станимировиќ.
„Што се однесува до овој вирус утврдено е дека постојат повеќе модификации на овој вирус, повеќе видови на вируси, така да едни се повеќе патогени, други се помалку патогени и од тие причини имавме и разлика во клиничката слика. Кај ниту еден друг респираторен вирус нема досега утврдено толку различна клиничка слика и симптоми од фактички сите системи и органи, тоа не е својствено за респираторните вируси.
Значи самото тоа укажува дека се работи за повеќе видови на вируси, некој повирулентни, некои попатогени, некои помалку и во зависност од тоа зависи и исходот на самото заболување каков ќе биде. Повеќе корона видови на коронавируси, значи досега докажано е според некои експерти кои досега правеле анализи дека од самиот почеток на појавата на коронавирусот, самиот вирус претрпел некаде помеѓу 170 и 200 модификации, значи изнемни, промени.
Сето тоа доведува до појава на различни видови на тој вирус и на една територија, на едно подрачје можат да циркулираат различни видови на вирусот и во зависност од тоа е и клиничката слика. Покрај значи имунитетот на организмот, присуството на некое хронично заболување и самиот вид на коронавирусот тука игра улога“, потенцираше Станимировиќ.