Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до прилепскиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, а до Основниот суд Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица поради прекршување на полицискиот час.
Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, за секој од обвинетите од Прилеп и Крушево, Обвинителството предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.
;