Од Центарот за јавно здравје информираат дека резултатите од направениот скрининг на вработените во детските градинки во општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани, покажаа дека сите 242 вработени се негативни на коронавирус.
Поединечно по општини тоа изгледа вака: Прилеп 192, Крушево 21, Македонски Брод 24 и Кривогаштани 5.