ВИДЕО – Јованоски: Се градат 2,2 км. од примарната канализација во Големо Коњари, а на есен ќе се изгради и секундарната мрежа и во Г. Коњари и во М. Коњари

Пред неколку години во населеното место Големо Коњари, преку Министерството за транспорт и врски се изгради примарната канализациона мрежа во должина од околу 9,8 км. За изградба на преостанатите 2,2 км. Општина Прилеп издвои 9 милиони денари.

 

 

„После ова треба секундарните приклучоци на фекалната канализација да бидат на товар на жителите на Големо Коњари. Но Општина Прилеп нема да го дозволи, туку ќе издвои свои средства и во наредниот период околу месец септември ќе направиме нова јавна набавка за приклучок на секундарните приклучоци до дворното место на 204 куќи. 

 

Во исто време за жителите на Мало Коњари во тек е јавната набавка за секундарната канализациона мрежа, каде што отприлика има уште 200 приклучоци, така што на есен, септември или октомври ќе се направи целокупната секундарна канализациона мрежа во двете населени места“, истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи