Нема новозаболени, ниту оздравени пациенти од корона во Прилеп – има 27 активни случаи

 

Во општина Прилеп денеска нема регистрирано нови случаи на заболени и оздравени од коронавирус.

 

Бројот на активни случаи изнесува 27, од кои 21 лице се наоаѓа на домашно, а 6 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се две лица позитивни на коронавирус, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира