Од полноќ поскапуваат горивата за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 58, односно 50 денари. Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 денар по литар и ќе се продаваат за 60,5 и за 39 денари.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот од околу 11,3 отсто и на дизелот за околу 10,42 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,933 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
