Ќе се субвенционираат обуки, семинари и конференции кои ќе се одржуваат во домашни туристички капацитети, за што се одделени 15 милиони денари или 250 илјади евра, истакна денес министерот за економија Крешник Бектеши.
„Министерството за економија предложи програма за субвенционирање на настани кој ќе се организираат во категоризирани угостителски објекти. Имајќи во предвид дека хотелиерите се едни од најпогодените од коронакризата со оваа Програма ќе поттикнеме организирање на обуки, семинари и конференции во наши категоризирани хотелски капацитети. Со мерката се предвидува покривање на 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 30 илјади денари по апликант за за покривање на трошоците за обуки, семинари и конференции во домашни туристички капацитети“, изјави министерот Бектеши.
Еден апликант ќе може да поднесе барање за најмногу три настани за кофинансисрање на трошоците. По реализирање на настанот апликантот ќе треба да достави фактура за трошоците кој ги направил за организирање на настанот.
