Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во Општина Прилеп има 4 случаи на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест. По еден случај на новозаболен од КОВИД-19 е регистриран во општините Крушево и Македонски Брод.
Бројот на активни случаи изнесува 45, од кои 38 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус.