Извршителите од денеска продолжуваат со присилна наплата на долговите

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Од денеска извршителите продолжуваат со редовните активности откако истече важноста на Уредбата, а со тоа и грејс периодот за наплата на неплатените сметки и долгови кои граѓаните и компаниите ги имаат кон разни фирми и доверители.

 

„Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување“, се вели во соопштението од Комората на извршители.

 

Како што информираат од Народна банка на РСМ до март биле блокирани 229.314 трансакциски сметки, од кои 190.183 се на физички лица, а 39.131 се на фирми. Вкупниот број блокирани депоненти според објавените податоци е 106.723, од кои 26.000 се компании, а околу 80.000 се физички лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи